Платформа за дигитализација на услугите во единиците на локалната самоуправа

ДОБРЕДОЈДОВТЕ НА Е-ЛСГ ПЛАТФОРМАТА ЗА ДИГИТАЛИЗАЦИЈА НА УСЛУГИТЕ ВО ЕДИНИЦИТЕ НА ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА


Е-плаќање

Изврши плаќање на обврска

Е-волонтери

Регистрирај се како волонтер

E-ЛСГ платформата е сервисно ориентирана софтверска околина со робустна и скалабилна инфраструктура, проектирана за дигитализација на широк спектар на услуги на единиците за локална самоуправа. Дизајнирана е да овозможи лесно и економично збогатување со нови сервиси за граѓаните и да ги помогне униформноста и стандардизацијата на работењето на општинските службеници, рационализацијата на трошоците и минимизирањето на одливот на приходи предизвикан од ниското ниво на покриеност со ефективни ИТ решенија. Моментално со оваа платформа се опфатени следните услуги:

- Електронски систем за наплата на давачките кон општината (даноци и парафискални давачки) - достапен преку мени: Е-плаќање,

- Систем за електронско плаќање на сметки кон јавните претпријатија - достапен преку мени: Е- плаќање,

- Електронски систем на волонтери - достапен преку мени: Е-волонтери и

- Онлајн платформа за општински форум - мени: достапен преку мени: Е-форуми.

Проектот е реализиран со поддршка на УНДП и ФИТР и со него се опфатени следните општини: Боговиње, Куманово, Прилеп, Свети Николе и Центар Жупа. Овозможено е приклучување и за останатите општини кои ќе пројават интерес да бидат дел од овој интегриран и интероперабилен систем.